[ФОТО] Напад на Израел: Околу 100 ракети истрелани од Либан, погодени куќи и автомобили

Точка

12/11/2024

18:10

3.431

Големина на фонт

а а а

ИДФ (Израелските одбранбени сили) соопштија дека во првиот напад биле истрелани 80 ракети, од кои поголемиот дел биле соборени од воздушната одбрана, но неколку ракети експлодирале во градовите.

Околу 100 ракети биле двапати истрелани од Либан кон областа Хаифа во Израел, при што во нападите биле оштетени куќи и автомобили, соопштија израелските одбранбени сили.

Во првиот напад, како што јавуваат од ИДФ, биле истрелани 80 ракети, од кои повеќето биле соборени од противвоздушната одбрана, но неколку ракети експлодирале во градовите, известува „Тајмс оф Израел“. Во вториот напад биле истрелани десет ракети, од кои сите биле пресретнати или паднале во отворени области.


Од ИДФ беше потврдено дека се причинети штети на куќи и автомобили во градот Кирјат Ата, а еден тинејџер бил полесно повреден од парчиња стакло.

Ова беше еден од најголемите ракетни напади врз Хаифа, во услови на воени судири со Хезболах.


На 8 октомври, Хезболах лансираше повеќе од 100 ракети кон Хаифа во два одделни напади.




Спонзорирани линкови

Маркетинг