[ВИДЕО] Итна реакција на Иран: Пристигна одговорот на Техеран на обвинувањата дека планирал ликвидација на Трамп

Точка

09/11/2024

16:10

2.987

Големина на фонт

а а а

Иран одговори на тврдењата дека планира да изврши атентат врз Трамп.

По повод обвинувањата дека Иран организирал атентат врз новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багај Хамане, излезе со изјава.


Тој рече дека ваквите обвиненија се неосновани и дека Техеран е подготвен за соработка со Вашингтон, но смета дека целта на ваквите изјави е намерно комплицирање на односите меѓу двете земји, пренесува иранската државна агенција ИРНА.


„Повторувањето на ваквите тврдења во овој момент претставува одвратен заговор чија цел е дополнително да ги комплицира односите меѓу Иран и САД,“ изјави Багај Хамане во саботата.


Портпаролот ги отфрли овие тврдења како „целосно неосновани“. Тој истакна дека слични обвинувања против Исламската Република Иран и во минатото биле демантирани и докажани како неточни. Во меѓувреме, Иран ќе ги искористи сите правни и легитимни средства за да ја заштити вистинската слика за иранската нација, подвлече Багај.


Американската новинска агенција Associated Press (АП) во петокот објави дека американското Министерство за правда открило дека Иран бил вмешан во заговор за убиството на Доналд Трамп. Според нивните извори, осомничениот во случајот изјавил дека „бил во контакт со владин службеник за да го испланира убиството на новоизбраниот претседател од редовите на републиканците.“


Преку своите постојано конструирани сценарија и иранофобични наративи, американските власти тврдат дека Иран континуирано се обидува да ги елиминира сегашните и поранешните високи претставници на САД, вклучувајќи го и Трамп, пренесува ИРНА.




Спонзорирани линкови

Маркетинг