Креатинин е индикатор за здравје на бубрезите: Покачени вредности укажуваат на бубрежна слабост

Точка

06/11/2024

12:12

5.436

Големина на фонт

а а а

Креатинин е супстанција што се јавува како нуспроизвод на мускулниот метаболизам и се излачува преку бубрезите. Неговото ниво во крвта дава важни информации за тоа како функционираат нашите бубрези.

Кога бубрезите се здрави, тие ефикасно го отстрануваат креатининот од телото. Сепак, зголеменото ниво на креатинин може да укаже на оштетување или намалена бубрежна функција.


Одредување на концентрација на креатинин се користи во:

* Дијагноза и третман на бубрежни заболувања.

* Корисно е во проценката на гломеруларната бубрежна функција и во следењето на успехот на дијализата, иако во однос на уреата побавно реагира на хемодијализа.

* Тоа е важен фактор за следење на работата по трансплантацијата на бубрезите.

* При сомнеж за променета нормална физиолошка функција на бубрезите, како резултат на покачен крвен притисок и постоење на дијабетес мелитус.


Двете главни причини за хронично заболување на бубрезите се висок крвен притисок и дијабетес. Долготрајната хипергликемија и хипертензијата ги оштетуваат капиларите во бубрежни клетки (гломерули), кои стануваат пропустливи на протеините во крвта.

Зошто е важно да се следи креатинин?

Редовното следење на нивото на креатинин е особено важно кај луѓето кои имаат фактори на ризик за заболувања на бубрезите, како што се висок крвен притисок, дијабетес или семејна историја на бубрежни заболувања. Со рано откривање на промените во нивото на креатинин, можеме да спречиме посериозни компликации и да го одржиме здравјето на бубрезите.


Референтните вредности на креатинин во крвта се:

* Жени: 49 - 90 mmol / l

* Мажи: 64 - 104 mmol / l

Бубрезите се парни органи чија задача е да елиминираат вишокот вода и отпадни производи на метаболизам од крвта. Покрај тоа, тие играат улога во процесот на производство на црвени крвни клетки и регулирање на крвниот притисок и електролити.

Совети за здравје на бубрезите:

* Пијте доволно вода во текот на денот за да ја поддржите работата на бубрезите.

* Практикувајте здрава диета со помалку сол и шеќер, протеини, кофеин и друга храна што поттикнуваат дехидрираност.

* Редовно проверувајте го крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта.

* Избегнувајте употреба на лекови против болки без консултација со лекар