Посебен режим на сообраќај во четврток поради посета на Фон дер Лајен

Макфакс

22/10/2024

18:05

374

Големина на фонт

а а а

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека во четврток поради официјална посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг