Мадрид ќе биде премногу топол за живот: Нè очекуваат застрашувачки промени во следните 30 години

Точка

22/10/2024

18:05

996

Големина на фонт

а а а

Температурите во делови од Шпанија ќе бидат премногу опасни за здравјето на луѓето.

Во одредени делови на Шпанија, вклучувајќи ги Мадрид, Валенсија и Андалузија, поради климатските промени за 30 години ќе биде претопло за живот, предупреди американската агенција НАСА, пренесува "Еuro weekly".

Истражувањето на НАСА насловено како „Премногу жешко: како климатските промени може да направат некои места премногу жешки за живот“ предупредува дека освен делови од Шпанија, до 2050 година областите како Јужна Азија, Персискиот Залив, Црвеното Море и источна Кина ќе бидат исто толку топли и дека животот нема да биде одржлив.


Во исто време, студијата забележува дека слични температури ќе погодат делови од Југоисточна Азија и Бразил до 2070 година.

„Настаните како топлотниот бран во Европа од 2003 година, кој однесе повеќе од 70.000 животи, ќе станат почести и потешки од 2040-тите. Луѓето кои веќе живеат на „жешки места“ ќе мора да се приспособат на уште подолги периоди на топлотни бранови, додека оние кои живеат во постудени градови ќе бидат изложени на екстремна топлина на која не се навикнати – велат експертите.


Експертите предупредуваат дека големите градови ќе мора да се приспособат пред 2050 година, особено кога станува збор за соодветна климатизација и дека е неопходно да се реши проблемот со недостигот на зелени површини во урбаните региони. Здравствените проблеми како дехидрација, топлотен удар и кардиоваскуларни болести ќе станат почести, предупредуваат експертите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг