[ВИДЕО] „Спиев, појасот ми беше врзан и наеднаш се превртевме“: вели патник кој ја преживеа несреќата во Турција

Макфакс

18/10/2024

11:45

1.003

Големина на фонт

а а а

Очевидци на страшната несреќа во Турција, во која според првичните информации шест лица загинаа, а 25 се повредени, велат дека возачот на автобусот со туристи изгубил контрола над возилото пред да се преврти.

Еден од патниците во автобусот опишува што се случило:

„Спиев, појасот ми беше врзан и наеднаш се превртевме“, изјави Рамазан Дурмуш.

Се огласи и возачот од автопатот, кого автобусот го претекнал непосредно пред да се преврти:

Штом ме престигна, автобусот почна да оди лево-десно. Мислам дека возачот заспа, ги вклучив долгите светла и почнав да му свирам“, изјавил еден од возачите за „Хариет“.

Турските медиуми јавуваат дека несреќата се случила утринава околу седум часот на 25-от километар од автопатот од Аксарај кон Анкара, недалеку од селото Аџипинар.

По превртувањето, автобусот ја пробил заштитната ограда на автопатот и застанал по околу 90 метри.

Во автобусот имало 41 патник, двајца возачи и еден туристички водич. Веднаш по несреќата на местото на трагедијата излегле голем број полициски патроли и противпожарни возила, додека итните служби ги префрлиле повредените во болницата во Аксарај.

Телата на загинатите се пренесени во истата болница каде ќе биде извршена обдукција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг