„Будалите се насекаде околу нас“: Погледнете ја реакцијата на трактористот кога го блокираше "Golf"

Точка

17/10/2024

13:02

2.001

Големина на фонт

а а а

Сите знаеме колку е незгодно кога некој не блокира поради невнимателно паркирање, а еден тракторист имаше необична реакција кога тоа му се случи.

Ова се случило во Шпанија, поточно во провинцијата Сеговија, каде што тракторист наишол на "VW Golf" кој му го блокирал преминот во тесна улица.

Трактористот, како што се гледа на видеото на "TikTok", стигнал до средината на улицата и сфатил дека не може да оди понатаму.

Очигледно револтиран, уредно го исклучил тракторот, ги извадил клучевите и излегол од возилото оставајќи го на сред пат.

@j_morenocastro

♬ sonido original - Javier Moreno Cas648

„Живееме во свет во кој сме опкружени со будали. Решението е едноставно – го гасам моторот, го земам клучот и го оставам тракторот на сред пат. Одам дома на ручек“, рекол возачот на тракторот.

Ова видео го погледнале повеќе од два милиони луѓе, а има повеќе од 2.400 коментари. Имаше и такви кои го поддржаа овој потег, но и други кои го критикуваа велејќи дека не мора да прави некоја глупост ако некој веќе го направил тоа.

Многумина го предупредија дека и тој ќе биде казнет, а еден коментар беше многу остар – пишуваше: „Во право си, живееме во свет опкружен со будали, а ти си еден од нив“.

Како би реагирале во оваа ситуација?




Спонзорирани линкови

Маркетинг