Девет причини поради кои секојдневно треба да консумирате лимони

Точка

08/10/2024

17:22

8.392

Големина на фонт

а а а

Лимоните се едни од најкорисните видови на овошје коишто можат да се консумираат на различни начини: како додаток во чаеви и оброци до вкусни десерти. Консумирањето на лимонот е особено корисно за здравјето, а ова се некои од најважните придобивки од неговата консумација за човековиот организам.

Лимоните се богати со витамин Ц: Познато е дека лимоните содржат витамин Ц, којшто го зајакнува имунолошкиот систем, му помага на телото во борбата против настинките и го подобрува здравјето на кожата преку зголеменото производство на колаген во организмот, пишува „Health Shots“.


Има позитивно влијание врз слабеењето: Лимонот има многу малку калории и многу влакна, особено пектин, коишто можат да помогнат во задржувањето на чувството на заситеност како и намалување на желбата за храна, така што лимонот е одличен за слабеењето.

Ја подобрува дигестијата: Пиењето на топла вода со лимон веднаш по будењето може да помогне во забрзувањето на работата на дигестивниот систем. Лимонот го поттикнува производството на жолчката, која помага во разградувањето на храната и подобрувањето на апсорпцијата на хранливите материи.


Го поддржуваат здравјето на срцето: На многумина им е познато дека витаминот Ц, влакната и останатите состојки на лимонот го намалуваат крвниот притисок и холестеролот, помагајќи во намалувањето на ризикот од срцеви заболувања.

Ја спречува појавата на камења во бубрезите: Лимонската киселина може да го спречи растот на камењата во бубрезите зголемувајќи го волуменот на урината и помагајќи во плакнењето на минералите кои можат да предизвикаат создавање на камења.


Го подобрува здравјето на кожата: Антиоксидантите во лимонот помагаат во борбата против слободните радикали, за кои е познато дека предизвикуваат стареење на кожата. Витаминот Ц помага во намалувањето на ситните линии и брчки и го осветлува тенот на кожата.

Го намалува воспалението: Лимонот има противвоспалителни својства, што може да помогне во намалувањето на отоците и болките при хронични заболувања како што е артритисот, а исто така лимоните го поддржуваат целокупното здравје на зглобовите.


Го освежуваат здивот: Лимонот има антибактериски својства кои можат да помогнат во убивањето на бактериите во устата, намалувајќи го лошиот здив. Сепак, се препорачува потоа, забите да се исплакнат со вода за да се заштитат од киселината.

Ја подобрува апсорпцијата на железото: Лимонот содржи лимонска киселина и витамин Ц, за кои е познато дека ја подобруваат апсорпцијата на железото, така што лимонот може да помогне во спречувањето на ризикот од анемија или недостиг на железо во организмот.