[ВИДЕО] Серијата „Squid Game“ се враќа на „Netflix“ во декември, погледнете го специјалниот тизер

Точка

20/09/2024

21:46

487

Големина на фонт

а а а

Втората сезона на мегапопуларната серија „Squid Game“ ќе биде достапна преку стриминг платформата „Netflix“ во декември, а сега е објавен и специјален тизер.

Како што претходно беше најавено, претплатниците на „Netflix“ ќе можат да уживаат во втората сезона на серијата од 26-ти декември, додека последната сезона ќе пристигне во 2025 година.

Поминаа речиси три години од премиерата на првата сезона која брзо стана огромен хит. „Netflix“ мудро молчи за она што следи, но сепак се откриени некои детали.

„Три години по победата во „Squid Game“, играчот 456 е решен да ги пронајде луѓето кои стојат зад играта и да стави крај на нивниот „опасен спорт“. Користејќи го богатството за финансирање на својата истрага, Ги-хун започнува мисија на познати места барајќи го човекот во одело кој игра „ddakji“ во метро. Кога неговите напори конечно ќе вродат со плод, патот кон рушењето на организацијата се покажува посмртоносен отколку што тој очекува. За да ја заврши играта, мора повторно да влезе во неа“, велат од „Netflix“.


„Ќе дадеме сè од себе да ве однесеме на уште едно возбудливо патување. Се надевам дека сте возбудени поради она што доаѓа“, порача Хванг Донг-хјук, режисер, писател и извршен продуцент на „Squid Game“.

„Netflix“ веќе објави неколку фотографии од втората сезона на серијата, како и некои детали за актерската екипа. Минатата година започна реалити ТВ емисија базирана на серијата, а истоимената мултиплејер игра ќе пристигне подоцна оваа година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг