[ВИДЕО] Газанига му подари победа на ПСЖ, Сити немаше решение за Интер

Дерби

19/09/2024

11:08

476

Големина на фонт

а а а

Составот на Џирона забележа болен пораз од Пари Сен Жермен во првиот историски меч во Лигата на шампионите.

Избраниците на Мичел беа на добар пат да направат изненадување на „Паркот на принцовите“, да дојдат до голем резултат и бод без примен гол, но во 90 минута примија гол по катастрофалната реакција на голманот Газанига.

Бекот Мендеш уфрли топка која на крајот низ нозете на Аргентинецот заврши во мрежата за славје на домаќините од 1-0.

Нашиот репрезентативец Бојан Миовски не доби шанса за настап, поточно не доби ни минута како на пресметката со Барселона во Примера.

Манчестер Сити и Интер во еден борбен меч ги поделија бодовите играјќи 0-0. „Граѓаните“ немаа соодветно решение за одбраната на калчолигашот и на крајот мораа да се задоволат со поен иако важеа за фаворити на соочувањето на „Итихад“.

Најубедлив беше Селтик кој си поигра со Слован од Братислава со 5-1, додека Дортмунд со три гола во самата завршница дојде до славје во Белгија над Клуб Бриж (3-0).



Спонзорирани линкови

Маркетинг