Гол шоу на „Олд Трафорд“: „Седумка“ на Јунајтед во Лига Купот

Дерби

18/09/2024

07:58

1.465

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед остварија убедлива победа над Барнсли од 7-0 во средбата од 1/16 финалето на англискиот Лига Куп.


Избраниците на Ерик Тен Хаг немаа милост кон тимот кој се натпреварува во Лига 1 и до врв ја наполнија неговата мрежа за задоволство на навивачите на „Олд Трафорд“.

Гол шоуто на домаќините беше најавено уште во првото полувреме во кое Рашфорд, Антони и Гарначо донесоа предност од 3-0. Во вториот дел пак уште по еднаш погодија Гарначо и Рашфорд, а пак двоен стрелец беше Ериксен на асистенција на Фернандеш за заокружување на „седумката“ во Манчестер.

Освен Јунајтед пласман во наредната рунда досега обезбедија Стоук, Шефилд Венздеј, Брентфорд, Саутемптон, Престон и Кристал Палас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг