Во Австрија маж исчезна во лавина, додека ширум Европа итните служби се борат со невидени поплави.
Во Австрија на југот од земјата се забележани ветрови до 146 километри на час, а на север врнежи до 170 литри вода на метар квадратен. Во Виена, пожарникарите интервенирале околу 150 пати во последните 24 часа, со цел да ги исчистат одводите затнати со ѓубре или да ја испумпаат водата што навлегла во подрумите, јавуваат локалните медиуми.
Пошумениот дел од паркот Шенбрун, најпосетуваното место во Австрија, е затворен од безбедносни причини, изјавија за АПА службите за итни случаи.
Според канцеларот Карл Нехамер, „врвот сè уште не е достигнат“, а дел од североисточниот дел на земјата е класифициран како зона на природна катастрофа.
Austria 🇦🇹 Snow ❄ Storm
— Light Beings Observer (@BeingsObserver) September 14, 2024
September 13-14, 2024
Obertauern, Austria, 55 miles south east of Salzburg. pic.twitter.com/rnqFasucnC
На планините на западот од земјата снегот го отежнува сообраќајот на повеќе патишта, а службите за итна помош трагаат по маж кој исчезна во лавина.
Тирол е делумно покриен со слој снег до еден метар, што е вонредна ситуација во средината на септември.
🚨🇦🇹Crazy weather in Austria as 4 feet of snow falls in the upper mountains. This is strange usually don’t get snow up in that region for another two months.🇦🇹⚠️ pic.twitter.com/5yq3TNLpjy
— Todd Paron🇺🇸🇬🇷🎧👽 (@tparon) September 14, 2024
Романската спасувачка служба претходно објави дека пронашла тела на четири лица во регионот Галати во југоисточниот дел на земјата каде што биле погодени 5.000 домови.
-Поплави настанаа поради обилните врнежи – а спасени се вкупно 19 места и стотици луѓе низ целата земја, соопшти спасувачката служба.
Армијата испрати десет спасувачки чамци за да стигнат до жителите заробени во особено тешко погоденото село Печеи.
Се поставуваат кампови за сместување на луѓето кои ги напуштиле своите домови поради надојдената вода.
Во селото Коначи поплавени се седумстотини куќи, а градоначалникот Емил Драгомир во интервју за локална телевизија изјави дека станува збор за „катастрофа од неверојатни размери“.
"Torrential rains hit Romania, leaving 4 dead and dozens stranded as floods sweep through. Central Europe bracing for more. Climate change turning September into a disaster zone. 🌧️💧 #Floods #ClimateCrisis #ExtremeWeather" pic.twitter.com/7qlJkAkBKC
— Roykey’s No Filter! (@RoykeyNo) September 14, 2024
– Веќе имавме поплави пред 11 години, но не беше толку страшно – додаде тој додека главната улица наликува на порој.
Драгу Стефан (52), вработен во блиската компанија, за АФП изјави дека „се обидел да спаси нешто“, но дека тоа е „залуден напор бидејќи водата пристигнала пребрзо“.
Претседателот Клаус Јоханис им изрази сочувство на семејствата на загинатите.
– Повторно сме соочени со ефектите од климатските промени, кои се сè поприсутни на европскиот континент – рече тој.
Во Чешка од вчера на располагање се 100.000 пожарникари, а без струја останаа речиси 50.000 домови, соопшти електростопанството ЧЕЗ.
Massive floods due to extreme rainfall in Galați in the region of Western Moldavia in eastern Romania 🇷🇴 (14.09.2024)
— Disaster News (@Top_Disaster) September 14, 2024
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji4D9S pic.twitter.com/5szdsnFyMm
Болницата во Брно на југоистокот на земјата беше евакуирана во саботата наутро. Моравија прогласи вонредна состојба.
– Земјата сега е заситена, што значи дека целата дождовница ќе остане на површината – изјави министерот за заштита на животната средина, Петр Хладик.
Вонредна состојба е прогласена и во Братислава, главниот град на Словачка.
Од полска страна, ситуацијата на југозапад се чини дека е најнесигурна, а владата вели дека и следните неколку часа ќе бидат тешки.