[ФОТО] Се омажила за самата себеси, па се развела: Еве што била причината

Точка

14/09/2024

10:38

3.086

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерката којашто се омажила, а потоа се развела од самата себе, напорно работи на подобрување на својот однос – со самата себе.

Бразилката Суелен Кареј, која моментално живее во Обединетото Кралство, ги шокираше корисниците на социјалните мрежи кога сподели фотографии од својата свадбена церемонија.

Имено, наместо традиционалните младоженец и невеста, пред олтарот таа застана потполно сама, пишува „DialyStar“.


Кареј на социјалните мрежи, на коишто има 434 илјади следбеници, често го покажува својот раскошен стил на живот којшто го нарекува „сологамија“. Таа дури и се пофали со драматичниот развод во којшто морала да расчисти со самата себе во текот на бизарните обиди за брачни терапии.

Неодамна таа сподели видео од теретана во коешто ја покажа своето витко тело, а на снимката таа е облечена во мрежест, син комбинизон којшто го истакнува нејзиното деколте, а позираше во преполна теретана во обид да се засили самата себеси по разводот.

Новата снимката ја објави само една недела откако ја сподели причината за шокантниот развод.


„Сфатив дека самоанализата и рефлексијата се клучни. Важно е да се знае кога да се заврши со еден циклус. Дури и обврските спрема себеси можат да имаат свои предизвици, како што се соочувањето со очекувањето постојано да бидеш совршен за самата себе“, вели Кареј.

Таа додаде дека сфатила оти премногу вршела притисокот врз самата себе, поради што понекогаш се чувствувала исцрпено, и разбрала дека во бракот со самата себе важно е да се прифатат сопствените несовршености. Кареј призна дека година дена откако се омажила за себеси почнала да чувствува внатрешен конфликт, поради што одлучика да побара стручна помош, и поминала низ десет терапевтски сесии.


Во бракот со самата себе, вели, се чувствувала осамено и покрај тоа што инаку ужива во сопственото друштво. Меѓутоа сега инфлуенсерката одлучила да повлече линија и вели дека е отворена за запознавање на друга личност.

Кареј исто така изјави дека друштвото со самата себе било исцрпувачко, а изгледа и дека нејзиното „интензивно патување на самозапознавање и прифаќање“, како што таа го нарече ова нејзино искуство се одвива добро со оглед на тоа на нејзините објави на Инстаграм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг