Фројд: „Ги среќаваме само оние кои веќе постојат во нашата потсвест“

Точка

13/09/2024

16:22

5.601

Големина на фонт

а а а

Познат по неговите теории за несвесниот ум и механизмите за заштита од потиснување, основачот на психоаналитичката школа за психологија Зигмунд Фројд со право ја носи титулата „татко на психологијата“.

Иако повеќето од теориите на Фројд се побиени со текот на годините од страна на неговите наследници, сепак неговите идеи продолжуваат да влијаат на хуманистичките и некои од општествените науки.

Во прилог, погледнете дел од највпечатливите мисли на Фројд во кои се крие голема вистина за функционирањето на човековиот ум:

1. „Колку е побеспрекорен човекот однадвор, толку повеќе демони има одвнатре.“


2. „Не се бираме меѓу себе по случајност. Се среќаваме само со оние кои веќе постојат во нашата потсвест.“

3. „За жал, потиснатите емоции не умираат. Принудени се да молчат. И одвнатре продолжуваат да влијаат на човекот.“

4. „На светот доаѓаме сами и исто така сами го напуштаме.“

5. „Оној кој љуби многумина – запознал жени, додека оној кој љуби една – ја запознал љубовта.“

6. „Секогаш бараме сила и поддршка однадвор, а треба да ги бараме во себе. Таму отсекогаш биле.“

7. „Повеќето луѓе всушност не сакаат слобода, бидејќи таа подразбира одговорност, а одговорноста ги плаши луѓето.“

8. „Љубовта и работата се камен темелник на нашата човечност.“

9. „Зависта е деструктивна.“


10. „Не постои ништо поскапо од болест и нејзино игнорирање.“

11. „Не сме секогаш лишени од грешките за кои им се смееме на другите.“

12. „Првиот човек кој фрлил навреда наместо камен, бил творец на цивилизацијата.“

13. „Првиот знак на глупост е потполно отсуство на срам.“

14. „Толкувањето на соништата е кралски пат кон несвесното.“

15. „Секој човек има желби што не им одговараат на другите и желби кои не сакаат да си ги признаат ни на себеси.“


16. „За човекот е својствено тоа што најмногу го цени и посакува она што не може да го постигне.“

17. „Единствена личност со која треба да се споредувате себеси е „вие од минатото“. И единствената личност од која треба да се плашите е „вие од сегашноста“.

18. „Човекот никогаш не се откажува од ништо, тој едноставно заменува едно задоволство со друго.“

19. „Големината на вашиот идентитет се одредува со големината на проблемот кој е во состојба да ве извади од такт.“




Спонзорирани линкови

Маркетинг