[ФОТО] 95 отсто од луѓето не можат да ја решат оваа математичка задача од Харвард. Дали го знаете одговорот?

Точка

11/09/2024

19:17

4.004

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи повторно се споделува математичка задача од 2021 година, која наводно била поставена на интервју за прием на Универзитетот Харвард.

Задачата со која е објаснето дека 95 отсто од луѓето не можат да ја решат збуни многумина, а судејќи по коментарите и денес многу луѓе се мачат со точниот одговор.

„Седум мажи имаат седум жени. Секој маж и секоја жена имаат седум деца. Колкав е вкупниот број на луѓе?“, гласи задачата.

Одговорите на корисниците се различни и варираат, од 21 па сè до 448. „Ова е игра со зборови“, коментирала една личност, додека друга додала: „Постојат неколку одговори и ниту еден не е погрешен“.

„Ова е двосмислено прашање, што претпоставувам дека е поентата на задачата“, коментирала трета и погодила дека станува збор за прашање со два точни одговори.

Имено, ако секој маж има една жена, точниот одговор е 63 (да претпоставиме дека се седум парови, т.е. седум мажи и седум жени, значи 14 луѓе. Секој пар има седум деца, така што тоа е вкупно 49 деца плус 14 возрасни, вкупно 63).

Меѓутоа, ако секој маж има седум жени, одговорот е 392 (ако секоја од 49-те жени има седум деца, тоа е 343, а ако секој маж има седум деца, тоа е 49, што е еднакво на 392).



Спонзорирани линкови

Маркетинг