Скандал на деценијата: Наместени 17 натпревари? Играчи и голмани намерно пропуштале голови

Точка

06/09/2024

17:40

4.785

Големина на фонт

а а а

На повидок е еден од најголемите скандали во поновата историја на фудбалот.

Фудбалскиот сојуз на Германија отпочна истрага за наводно местење на 17 натпревари во рамки на тамошните лиги. Станува збор за натпревари од Третата и регионалната лига, но има и шпекулации кои велат дека под лупа се и некои натпревари од елитните каравани.

Наводно - одредени фудбалери пропуштале голови и учествувале во целата измама. Станува збор во главно за дефанзивци и голмани.

Се очекува многу брзо да се објави кои сè натпревари се под голема истрага на тамошниот фудбалски сојуз.

За потсетување, Германија веќе еднаш се соочи со огромен скандал поради местење натпревари. Тоа беше во случајот „Хојцер“.

Тогаш Роберт Хојцер, фудбалски арбитрар, призна дека бил дел од местењето натпревари. Тој наместил или се обидел да намести 9 натпревари во германската лига.



Спонзорирани линкови

Маркетинг