[ФОТО] Дали сте го пробале десертот наречен „кескул“: Традиционалниот турски пудинг којшто се подготвува за 15 минути

Кармин

03/09/2024

21:33

6.550

Големина на фонт

а а а

Кескул е традиционален турски десерт за чијашто подготовка се потребни само 15 минути, а повеќе од состојките ги има во сечиј дом.

Постојат повеќе варијанти од овој кремаст, млечен десерт, а ова е рецептот за кескул со кокос.


Потребни состојки за четири порции: 600 милилитри млеко

50 грама брашно

50 грама шеќер

Три кесички ванилин шеќер

50 грама кокос

Две жолчки

30 грама путер

Декорација: бадеми, ф’стаци или кокос.

Подготовка: Во тенџере ставете 400 милилитри млеко, додадете ги двата видови шеќер и кокос, и оставете ја смесата да се вари на тивок оган додека зоврие. Остатокот од млекото ставете го еден сад, во којшто ќе ги додадете жолчките и брашното. Матете додека да добиете еднаква смеса без грутки, па потоа истурете ја во тенџерето со млеко, шеќер и кокос, а додека го правите тоа, постојано матете ја смесата со маталка. Варете ја оваа смеса неколку минути додека да се згусне, а потоа тргнете ја од оганот и во смесата додадете путер којшто исто така ќе го матите додека се стопи.


Топлата смеса распоредете ја во четири мали садови, коишто ќе ги покриете со пластична фолија и ќе ги оставите да се изладат на собна температура. Потоа десертот ставете го во фрижидер за да се стврдне. При послужување, десертот можете да го украсите со кокос, бадеми или мелени ф’стаци.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk