Психијатар споделува шест совети за долготрајна и среќна љубовна врска

Точка

03/09/2024

17:38

5.994

Големина на фонт

а а а

Повеќето од нас сакаат исто нешто:почит од друга личност, а според психијатарот Џозеп А. Шренд тоа е клучот на секоја врска.

„Размислете за секоја личност којашто некогаш сте ја запознале: секоја од нив посакува исто чувство, а тоа е да биде почитувана, тоа е нишката којашто нè поврзува нас како луѓе. „Кога некого ќе го потсетите на неговата вредност, вие ја зголемувате и сопствената вредност“, вели Шренд.


Овој психијатар сподели шест совети за долготрајна и среќна љубовна врска, а првиот негов совет е:„Никогаш не лажете“. Односот се гради врз доверба, а Шренд вели: „Довербата води кон почит, а почитта води кон вреднувањето. На овој начин ја обезбедувате долготрајноста на односот и отвореноста во изразувањето на мислењата“.

Вториот совет на психијатарот е: „Забележете ги емоциите на вашиот партнер“ – посветете внимание на чувствата на вашиот партнер или партнерка. „Доколку ја забележите дека се среќни, тажни или лути, прашајте ги како се чувствуваат, а со тоа ќе покажете дека тие ви се важни и дека ја цените нивната вредност“, вели Џозеп.


Третиот совет е: „Малите знаци на внимание се важни“ – психијатарот вели: „Меѓусебно кажувајте си „те сакам“ секој ден. Малите знаци на љубезност можат многу да го подобрат односот“.

Следниот негов совет е: „Прашајте се зошто, наместо да се грижите“ – „Обидете се да ги разберете причините за однесувањето на партнерот, без да го осудувате. Кога имате верба еден во друг, можете отворено да ги споделувате вашите мислења и чувства“, вели Шренд.

Психијатарот Шренд исто така советува, „Смејте се секој ден“ – смеењето ја изразува радоста и помага во зачувувањето на врската. „Смеењето ослободува окситоцин, хормонот на доверба и љубов“, потенцира Шренд.


Последниот совет на психијатарот Шранд е: „Комуницирајте ефективно еден со друг“ – „Одбегнувајте ги обвинувањата и разговарајте околу вашите перспективи со меѓусебна почит. Тоа помага решавањето на несогласувањата и одржувањето на врската“, вели Шренд.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk