Шпанскиот фудбалер: „Не можам да носам маица од 600 евра кога мајка ми заработува 700“

Точка

03/09/2024

10:39

10.022

Големина на фонт

а а а

Луксузни патувања, големи куќи и апартмани, дизајнерска облека и убави девојки се во главно карактеристики на фудбалерите, кои се навикнати на живот на високата страна.

Но, не и на херојот на оваа приказна, Серхио Камељо, момчето што и донесе злато на Шпанија на Олимпијадата во Париз. 23-годишниот напаѓач постигна два гола на турнирот, но и двата во продолженија во финалниот натпревар против Франција, што го направи херој на нацијата.

Сепак, Камељо е дефинитивно еден од најскромните фудбалери на планетата. Во интервјуто што неодамна го даде за шпанските медиуми, тој откри дека растењето во сиромашно семејство го обликувало како личност.


„Нема да ме видите како носам маица од 600 евра кога мајка ми заработува 700 месечно“, рече Камељо, кој укажа на контрастот помеѓу неговиот живот како професионален фудбалер и неговите корени во работничко семејство.

Напаѓачот израснал во средина каде што секој мал луксуз бара многу жртви, а излегувањето во кинески ресторан еднаш месечно било посебна прилика за неговото семејство.


- Не бевме сиромашни, но секогаш бевме многу скромни. Немам ни скап часовник. Мислам дека нема да го купам ако не купил ни брат ми“, изјави шпанскиот напаѓач.

Центарфорот пред една година се пресели од Атлетико Мадрид во Рајо Ваљекано.


- Дојдов од соблекувалната на Атлетико, каде има повеќе ега, повеќе ѕвезди, а тука има луѓе кои напорно работеа во втората, третата лига … Тоа се луѓе кои многу повеќе ценат се. Во клуб како Атлетико има играчи кои играле финале во Лигата на шампионите, има светски шампиони … Значи, тие не се, да речеме, вистински луѓе. Ако јас живеам во балон (различен од обичниот свет), тие живеат во џиновски балон.

Му посакуваме среќа на Камељо во понатамошната кариера, го заслужува тоа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг