Овој пијалак кој е комбинација од благиот вкус на праски и киселиот вкус на лимонот, ќе ви пружи совршена комбинација на вкусови кои ќе ве освежат, а се подготвува брзо и едноставно.
Две чаши смрзнати праски
Половина чаша мед
Една чаша свеж лимонов сок (околу седум исцедени лимони)
Половина чаша вода (можете да додадете и коцки мраз), а со комбинација на овие четири состојки, ќе доживеете потполно уживање и освежување во топлите денови.
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и матете ги сè додека смесата не добие мазна текстура.
Богат е со антиоксиданти, поздрав е од обичниот шеќер, може да го подобри здравјето на срцето, може да помогне при кашлица, не ги оштетува забите, помага кај заздравувањето на раните, го намалува нивото на холестерол и триглицеридите за 7%, а го зголемува нивото на корисниот „HDL“ холестерол за 2%, исто така медот може да помогне кога се соочувате со мамурлак.
Праските се многу освежително овошје поради високиот процент на вода којашто ја содржат во себе, а имајќи ја предвид нивната ниска калориска вредност идеални се за слабеење. Праските имаат диуретска улога, го прочистуваат организмот и ја подобруваат работата на дигестивниот систем. Праските се богати со витамините А и Ц, изобилуваат со влакна коишто се добри за дигестијата, добри се за одржување на здравјето на срцето, одлично освежуваат и хидрираат, а исто така се добри и за кожата.