Овој човек знае за што живее: Има милиони и седум деца, а сопругата вака успеала да го врзе за себе

Кармин

12/08/2024

15:49

7.499

Големина на фонт

а а а

Познатиот американски филмски режисер Стивен Спилберг заедно со сопругата Кејт, ќерката Џесика и нејзиниот сопруг Кристофер Гавиган го прославил својот роденден во Портофино, Италија.

Целото семејство се собрало во центарот на овој град кој го одзема здивот, на заеднички ручек.

Освен тоа што е еден од најуспешните режисери во историјата, тој е и татко на 7 деца. Првиот син го добил во брак со Ејми Ирвинг, а другите деца со Кејт Кепшо, актерката најмногу позната по улогата во филмот „Indiana Jones and the Temple of Doom“.

Сè до режијата на филмот „Е.Т.“ не ни размислувал за деца, но искуството му ги отвори очите.


„Сè до половината на ’E.T.‘ – ниту на памет не ми доаѓаше таква помисла: Јас бев родител во тој филм. Буквално се чувствував како да сум многу заштитнички настроен кон Хенри Томас и Мајк Менкотон и целата моја екипа, а особено Дру Баримор, која имаше само шест години. И почнав да размислувам: ’Можеби ова ќе биде мојот вистински живот еден ден‘. Тогаш првпат ми падна на памет дека можеби можам да бидам татко. И можеби режисерот навистина на некој начин е татко или мама … Навистина чувствував дека тоа ќе биде моја голема продукција“, изјавил Спилберг.

Неговиот најстар син е Макс Спилберг, а е роден во 1985 година. Спилберг и Ирвинг спогодбено се развеле во 1989 година и го поделиле старателството над нивниот син. Макс е дел од филмската индустрија и е познат како графички дизајнер и работи во уметничкиот оддел за развој на неколку видеоигри. Тој исто така работел и на краток филм наречен „Snap Shot“, кој бил објавен во 2012 година.


Запознавајќи ја својата втора сопруга, тој станал татко на нејзините деца: Џесика и Теа.

Џесика Кепшо тргнала по стапките на мајка си и станала актерка. Таа глуми во театар, а нејзината најголема и најзапаметена улога е во популарната докторска серија „Вовед во анатомија“ во која 10 години глумела како педијатарот Аризона Робинс.

Подоцна, Стивен и Кејт Кепшо добиле уште четири деца.


Ќерката Саша е родена во 1990 година, а се занимава со музика со нејзиниот постар брат Тео. Синот Соер, исто како и неговата мајка, се занимава со глума. Подоцна парот ја посвоил ќерката Микаела, која го признала својот проблем со зависноста од алкохол, но успеала да се извлече, па денес се занимава со танц.

Најмладата ќерка Дестри Алин Спилберг се занимава со манекенство, а е под договор со популарната американска компанија „DT Model Management“. Освен во модата, Дестри се обидува и во филмскиот свет: „Признавам дека сум родена со привилегија! Мојата мисија е да донесам нови таленти во индустријата и да им дадам шанса. Никој не треба да биде изоставен поради врските кои ги нема“, изјавила таа откако била обвинета дека избирала актери врз основа на познанства.

Неговиот брак е неговата најголема мотивација

Иако е озлогласено заштитнички настроен кон својот приватен живот и ретко зборува за тоа во интервјуата, Стивен признава дека овој брак полн со љубов бил нешто што го променило на многу начини, велејќи дека наоѓањето на љубовта на неговиот живот е најголемиот „дефинирачки карактер“ и најважниот момент за него: „Ова се случи кога ја запознав и се оженив Кејт“.


Искреноста и почитта им се најважни

Среќен брак долг 3 децении е редок скапоцен камен што доволно зборува за тоа колку длабоко е ценет и негуван. Кејт своевремено изјавила дека многу ја почитува неговата посветеност на кариерата, а дека тој пак ја почитува исклучително важната улога што таа ја игра во нивното семејство. И двајцата ја знаат вредноста на искрената комуникација која е основа на секоја трајна врска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk