102 лажици за најчудниот топ досега! Кејт Бланшет повторно ги поместува границите – овој стајлинг едноставно мора да го видите

Кармин

08/08/2024

20:00

7.382

Големина на фонт

а а а

На австралиската актерка не ѝ е непознат авангардниот стил, а овојпат се одлучила за еден навистина необичен топ.

Австралиската актерка и оскаровка Кејт Бланшет е една од најдобрите во својата работа и пример за многумина, а освен што брилира на големото платно, таа е и кралица на секој црвен тепих!

Бланшет секогаш е облечена спектакуларно, а дел од нејзините модни тајни е тоа што никогаш не игра на сигурно.

Таа е секогаш подготвена да експериментира и да оди еден чекор понапред, поради што дизајнерите ја обожуваат, а сега отиде уште подалеку и понесе една необична креација направена од лажици.


Кејт вчера присуствувала на дружење со обожавателите во Лос Анџелес организирано по повод нејзиниот нов филм „Borderlands“, а за таа прилика избрала елегантни црни панталони со рамен крој, шпиц салонки и горен дел изработен од 102 лажици.

Станува збор за авангардно парче од брендот „Hodakova“, односно дело на шведската креаторка Елен Ходакова Ларсон, која е овогодишна финалистка на конкурсот за наградата „LVMH“. Со оглед на материјалот, овој топ бил несомнено тежок, но Кејт го носела со вообичаената леснотија и широка насмевка. Тој ги открива рамената, се врзува околу вратот и навистина остава впечаток.

Ова не е првпат Австралијката да носи креација на Ходакова - пред неколку месеци таа позираше за кинеското издание на магазинот „Vogue“ носејќи облека направена од послужавници.

Брендот „Hodakova“ е млад, основан дури во 2021 година, а Елен Ходакова Ларсон својата облека ја изработува од рециклирани материјали. Како што истакна Елизабет Стјуарт, стилистката на Кејт, оваа дизајнерка сака „да го промени дискурсот за тоа што значи одржлива мода денес“.

„Елен го користи наследството, како овие старински лажици кои ги нашла во шведските села, за да создаде неочекувани пропорции и нови асоцијации. Баба ѝ би била горда“, порачала Стјуарт на Инстаграм.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk