„Денес ќе те претепа, па утре ќе ти донесе букет“: Ведрана Рудан сега се бори со ракот, а со години трпела насилство од сопругот

Точка

26/07/2024

21:00

5.944

Големина на фонт

а а а

Хрватската писателка Ведрана Рудан раскажа дека трпела насилство од нејзиниот прв сопруг.

Ведрана Рудан е позната по својата искреност, па во една прилика откри дека поминувала низ многу тежок период.

„Првиот маж кој ги исполнуваше естетските критериуми, рамениците толкави, колковите толкави, косата таква, насмевката волшебна, такви очи, е, ти си тој. Другите сигнали не сакав да ги видам. Мојот прв сопруг беше мојот татко, само во поинаква форма и многу полош, многу поперфиден, многу поитар“ рекла Ведрана, а потоа продолжила:


„Еден ден шлаканица, другиот букет цвеќе, сигурен психопат. Бев збунета, како и сите злоставувани жени, бидејќи денес ќе те претепа, а утре ќе ти донесе букет цвеќе и ти вели: „Не ме провоцирај, па сè ќе биде во ред“, открила за првиот сопруг Ведрана Рудан своевремено.

Подоцна раскажала дека додека била сè уште во брак, запознала помлад адвокат со кој имала афера, поради што се развела. Меѓутоа, ниту во тој брак не била среќна.

Ведрана Рудан се омажила повторно за осум години помладиот адвокат Љубиша Драгељевиќ, со кој живее во Риека, во куќа стара 400 години. Но и овој брак заврши неславно.


„Љубиша ме научи на толеранција. Ме промени на подобро. Се вљубивме во продавница. Тој си купуваше виолетови чевли, а јас гледав во виолетова чанта. „Одлична е чантата“, ми рече тој. Никој не ме видел со години. Бев воодушевена. „Твоите чевли се лудило, каква случајност, тие се во иста боја како мојата чанта. „Најдобро би било да ги купиш и ти, па да чекориме низ животот со исто темпо. Сфаќате? Колку добра основа. Па, ајде да чекориме низ животот со истиот чекор.“ Отидовме кај него на пијалак, другото е историја“, раскажала Рудан.

 



Спонзорирани линкови

Маркетинг