„Претерано здравиот живот го уништува човекот, станува сè поболен поради една работа“: Швајцарскиот психолог објаснил сè во 1 реченица

Точка

26/07/2024

22:21

15.483

Големина на фонт

а а а

Во денешното модерно време, никогаш повеќе не се говорело за здравиот живот, а парадоксално – луѓето се сè повеќе болни. Особено младите, кои многу рано се соочуваат со сериозни здравствени проблеми, па инсулинската резистенција или некои форми на автоимуни болести стануваат сè почести меѓу нив.

Од друга страна, менталните болести, особено по пандемијата, доживеаја загрижувачка експанзија.

Карл Густав Јунг многу едноставно објасни како, всушност, премногу здравиот начин на живот може да направи повеќе штета отколку добро и што се крие зад тоа:

„Ментално нездравите луѓе обично се фанатици за здравиот начин на живот. Постојано ги бараат вистинската храна и пијалаци, не пушат и не пијат вино, не им треба многу сол и опседнати се со витамини.


Секогаш трагаат по нови народни лекови, но никогаш не се потполно здрави. Всушност, грешникот обично се чувствува подобро од праведникот, бидејќи нивниот коров секогаш цути погусто од пченицата. Сите генијални луѓе се жалат за ова.

Тие што се грижат за себе секогаш се болни. Онаа неверојатна страст за, на пример, пиење вода, потекнува од постојаниот страв во нив, да кажеме, од смртта.

Нешто длабоко во нив им вели: ’Господе, не дозволувај да умрам, сè уште не сум живеел!‘“, зборувал Карл Густав Јунг, верувајќи дека кога има хаос во нашата глава, психа, мисли, многу е тешко да се води нормален живот.

Орторексија – дијагноза на современото општество

„Орторексијата е фиксација на јадење здрава храна со цел да се избегне болеста. Најчесто започнува доволно невино, како желба да се подобри исхраната, навиките во исхраната или општото здравје. Сè уште се анализира дали треба да се класификува како ментална болест, зависност или екстремен стил на исхрана. Денес се смета дека орторексијата ги вклучува фанатичните навики во исхраната, но и прекумерната физичка активност поврзана со неа. Според раниот опис на Бретман, главната карактеристика на орторексијата е опсесијата со храната и исхраната“, објаснува професорката д-р Соња Радаковиќ и потенцира:


„Зголемениот интерес за здрава исхрана е поврзан со зголемувањето на свеста на луѓето за здравите стилови на живот, односно со појавата на таканаречениот „хелтизам“ (engl. Healthism). „Хелтизмот“ полека станува доминантна идеологија во современото развиено западно општество, а вклучува промовирање на здравиот начин на живот, особено во јавните медиуми. Оваа идеологија како елементи и обележја на доброто здравје наметнува привлечно и младолико тело, здрави навики во исхраната и редовно вежбање. „Хелтизмот“ исто така, се поврзува и со дискурсот на современата консументска култура, каде виткото тело одразува здравје, но исто така претставува и симбол на успешен живот, додека дебелите луѓе се доживуваат како мрзеливи, емоционално нестабилни и непривлечни.“


Бидејќи орторексијата сè уште не е класифицирана како болест, лекувањето не е дефинирано со постоечките упатства. Нарушувањето секако е во менталната сфера, така што психијатарот е тој кому овие личности треба да му се обратат, доколку го увидат својот проблем.

Како да препознаете орторексија?

Личностите кои покажуваат знаци на орторексија најчесто строго се придржуваат до програма за исхрана, јадат почести и помали оброци, трошат енормно време пресметувајќи ја енергетската вредност, содржината на витамини и минерали во храната, внимателно ги читаат декларациите, ја проценуваат содржината на „транс“ масти, ја подготвуваат храната на посебен начин (често консумираат сирови намирници) и по неколку часа дневно ја анализираат сопствената исхрана.


Одбивањето храна при излегување во ресторани, за време на семејни и други социјални собири, носење сопствени оброци за таа цел и слично, ги доведува овие луѓе во ситуација да бидат социјално изолирани и отфрлени од околината.




Спонзорирани линкови

Маркетинг