[ФОТО] „Залудни ти се милијардите кога немаш вкус!“: Свршеницата на најбогатиот човек во фустан од вештачки нокти го покажала бујното деколте и луѓето се згрозени

Точка

26/07/2024

16:33

11.411

Големина на фонт

а а а

Лорен Санчез, свршеницата на милијардерот Џеф Безос, обожува да привлекува внимание со провокативни фотографии. Овој пат, во центарот на вниманието биле нејзините огромни гради, а Лорен направила сè за максимално да ги истакне. Сигурно е дека најбогатиот човек на светот нема да протестира поради тоа.

Џеф Безос, чие богатство се проценува на 204 милијарди долари, и Лорен Санчез моментално престојуваат во Грција, а сосема очекувано, армија папараци го следи секој нивен потег. Лорен привлекла огромно внимание откако позирала со нејзината другарка Наташа Пунвала во оскуден црвен фустан кој едвај ги задржувал нејзините големи гради.


Меѓутоа, ни ова деколте од милијарди долари не предизвикало толку многу коментари, како што бил случајот со фустанот на брендот „Schiaparelli“ кој бил изработен од вештачки нокти!

„Џабе милијардите кога немаш стил и вкус“, „Секогаш изгледа вулгарно и евтино“, „Тотален кич“, се само дел од коментарите.

Кога станува збор за изгледот, Лорен не крие дека е чест гостин кај пластичните хирурзи, бидејќи како што вели, сака да го задржи младешкиот изглед. Таа напомнува дека направила фејслифтинг, како и редовно вбризгување ботокс и филери.


Исто така, сè уште се коментираат нејзините фотографии од одморот во Грција. Имено, Лорен ги шокирала сите кога во минијатурен костим за капење, а потоа сите ги коментирале нејзините мускули и извајано тело.


Да потсетиме, Лорен Санчез својата кариера ја започнала како новинарка на локалните телевизиски станици во Лос Анџелес, а со Безос е во врска од 2019 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг