Дали иконата "Nissan Silvia" се враќа?

Точка

24/07/2024

10:10

9.958

Големина на фонт

а а а

"Nissan Silvia", познат и како моделите "200SX" и "240SX" на некои пазари, исчезна од гамата на јапонскиот производител во 2002 година, но сега постои шанса тоа познато име да се врати.

Иван Еспиноза, потпретседателот на "Nissan" за глобална стратегија и планирање производи, зборуваше за идејата за нова "Silvia" позиционирана под моделот "GT-R". Тој замислува модел кој ќе нуди „доволно моќ по вистинска цена за да биде привлечен за клиентите“. Еспиноза истакнува дека навистина сака да ја оживее "Silvia" и додава дека ова име има многу фанови.

Овие детали ги сподели во интервју за "Top Gear".


"Silvia" како прифатлив електричен спортски автомобил

„Има шанси, но ова е бизнис, па морам да најдам начин да го направам овој предлог интересен за компанијата. Понекогаш ваквите автомобили се „борат“ бидејќи нема многу купувачи, но дефинитивно можеме да успееме ако ја најдеме вистинската идеја што може да функционира насекаде во светот. Не можеме да ги продаваме овие производи регионално или како уникатни бидејќи тоа ќе биде предизвик, а мојата работа е да најдам начин да ги направам овие работи за автомобилот да биде одличен за клиентите и за брендот“, рече Еспиноза.


Читајќи меѓу редови, новата "Silvia" би можела да му се придружи на "Nissan Z" како попристапен и веројатно електрифициран спортски автомобил. Моделот ќе стане ривал на "Toyota GR86", "Subaru BRZ", "Mazda MX-5" и претстојниот хибрид "Honda Prelude".

"Nissan" вети дека ќе претстави 30 нови модели до 2026 година, вклучувајќи 16 електрични возила и хибриди, сите како дел од бизнис планот "The Arc".

Точното време на пристигнување на новата "Silvia" не е познато, но веројатно е дека моделот ќе пристигне малку подоцна, за да се најде време за развој и подготовка за пазарот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг