[ВИДЕО] Инфлуенсерка казнета со 700 евра: „Ве предупредувам сите што доаѓате во Хрватска на летување!“

Точка

23/07/2024

22:37

8.061

Големина на фонт

а а а

Изабел Лакин, 23-годишна девојка од Австралија, на летување одлучила да оди во Хрватска, каде што уживала во Хвар и во Дубровник.

Изабел од одморот им се јавила на своите следбеници на социјалната мрежа Тик-ток, па нив и бројни други, ги потсетила на правилото дека низ градовите на хрватското крајбрежје, но и во Италија, не смеете се шетате во костим за капење.

„Ако не сакате да добиете казна од 700 евра, не носете горен дел од бикини кога ќе ја напуштите плажата без да имате нешто врз него. Ќе ве фатат, тие не сакаат туристите да го прават тоа“, рекла таа во своето видео кое собра повеќе од 300.000 прегледи.

Потоа им се обратила на сите кои пристигнуваат во Хрватска со британската компанија за крстарење „Сејл Кроејша“ (Sail Croatia).

„Доколку одите со „Сејл Кроејша“ и мислите дека можете едноставно да шетате низ градот во минијатурен горен дел од бикини… Јас не би ви препорачала. Познавам неколку луѓе кои се „испекоа“ минатата година, а тоа беа главно луѓе од „Сејл Кроејша“ кои ги заборавиле правилата. Затоа, не правете го тоа, ве предупредив“, порачала инфлуенсерката.


Во коментарите, Изабел ја контактирале бројни следбеници кои ја посетиле Хрватска и не знаеле дека постојат такви правила.

„Немав поим за ова, минатата година бев во Хрватска. Се шетав низ град во горен дел бикини и здолниште. Му благодарам на Господ не добив парична казна“, „Ова го гледам сега откако го направив тоа несвесно во Сплит… За сета среќа, не добив парична казна“, „Ова е глупаво“, ѝ напишале.

 



Спонзорирани линкови

Маркетинг