„Единственото вистинско богатство во животот е ова“: Бомбакис и Марко Новески објавија преслатка фотографија со нивните бебиња на плажа

Точка

23/07/2024

17:37

8.317

Големина на фонт

а а а

Водителот Марко Новески и Кристијан Станковски - Бомбакис, објавија заедничка фотографија од Охрид на која се на плажа со нивните бебиња.

Марко на фотографијата ги држи во раце своите близначиња Веда и Вања, а Бомбакис ја држи во прегратки својата ќерка Бисера.


„Единственото вистинско богатство во животот е ова“, напиша Бомбакис на фотографијата која доби повеќе од 2000 лајкови за нецел час и коментари од следбениците.

За потсетување, малите Веда и Вања имаат три месеци (родени се на крајот на април 2024) и неодамна Марко првпат ги однесе на одмор заедно со сопругата.


Бисера има 7 месеци, односно Бомбакис ја доби со сопругата на крајот на декември 2023 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг