Основачот и директор на Тесла, но и еден од најголемите иноватори на денешницата, Илон Маск, објави видео во кое со помош на вештачка интелигенција светските лидери чекорат на модната писта во различни модни комбинации.
Ова шоу го отвори папата Франциско во бела јакна, а потоа Владимир Путин во долг фустан, Трамп во затворски костум и Џо Бајден во инвалидска количка.
Објавата досега е прегледана од над 50 милиони луѓе.