Со мопед кај Маврови Анови излетал од патот, скопјанец тешко повреден

Макфакс

22/07/2024

12:25

1.106

Големина на фонт

а а а

Вчера во 17.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат во Маврови Анови, К.С.(35) од Скопје, управувајќи мопед без регистарски ознаки, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.С., констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.