Ниту Камала не може да го победи Трамп, еве што покажуваат анкетите, има околу 100 дена да направи пресврт, не би и било првпат

Точка

22/07/2024

11:30

2.805

Големина на фонт

а а а

Камала Харис, американската потпретседателка која беше поддржана од шефот на Белата куќа, Џо Бајден, за претседателската номинација на Демократите по повлекувањето од трката за ноемвриските избори, досега покажа способност да ја оживее својата политичка кариера, но прашање е дали таа има доволно време за тоа сега.

„Вашингтон пост“ наведува дека оваа нејзина способност била видена за време на историскиот и често напорен подем на Харис на врвот на американското општество.

Весникот пишува дека сега таа е пред тест кој бара многу поитна реакција.


Се вели дека Харис има нешто повеќе од 100 дена до претседателските избори да ги обнови шансите на Демократската партија да ја задржи Белата куќа уште четири години.

Доколку ја добие партиската номинација, што веќе практично се гледа како сигурност, Харис ќе стане првата црнка, како и првата личност со јужноазиско потекло, која е кандидат на една од двете големи американски партии за највисоко канцеларија во земјата.

„Вашингтон пост“ оценува дека тоа би било неверојатно враќање за политичар кој не така одамна изгледаше предодреден да се приклучи на долгата листа на федерални функционери со перспективни кариери кои „изгореа“ на националната сцена.


NBC News наведува дека официјалната номинација, планирана за Демократската национална конвенција, која ќе се одржи од 19 до 22 август во Чикаго, секако не е најголемиот предизвик за Харис.

Она што е пречка на нејзиниот пат да стане прва претседателка на САД се анкетите.

Во нив таа е на исто ниво на поддршка како Бајден или само малку подобра, кога станува збор за истражувањата на јавното мислење за нивните шанси против Доналд Трамп, поранешниот шеф на Белата куќа и републикански претседателски кандидат.

Анкетите на национално ниво во САД во повеќето случаи беа спроведени непосредно пред одлуката на Бајден да се повлече.

Во нив актуелниот претседател се уште заостануваше зад Трамп, а иста е ситуацијата и во анкетите на јавното мислење во сојузните држави, кои се очекува да бидат клучни за победа на изборите во ноември.

Последната анкета спроведена од NBC со примерок на ниво на цела Америка, пред обидот за атентат врз Трамп на митинг во Пенсилванија една недела пред повлекувањето на Бајден од трката, покажа дека и шефот на Белата куќа и Харис заостануваат републиканскиот кандидат за два процентни поени.


Соодносот во случајот на изборниот дуел меѓу Трамп и Бајден беше 45%:43%, а во случајот со изборната трка меѓу Трамп и Харис 47%:45%.

Анкетата на Фокс њуз покажа сооднос од 49%:48% во корист на Трамп доколку тој се соочи или со Бајден или со Харис во ноември.

Други истражувања на јавното мислење покажуваат дека Харис има 1-2% посилна поддршка од Бајден, но клучно е таа да заостанува зад Трамп и таму.

Анкетата спроведена од Си-Би-Ес Њуз и Југов по атентатот на Трамп покажа дека тој има пет отсто поголема поддршка од Бајден, со сооднос од 52%:47%, додека тој е три отсто попопуларен од Харис – 51%:48%.

„Њујорк тајмс“ и колеџот „Сиена“ спроведоа истражувања на јавното мислење во Пенсилванија и Вирџинија, држави кои се меѓу одлучувачките за изборите, а тоа само за претседателот и потпретседателот на САД.

Таму Харис има два отсто повеќе поддршка од Бајден, но тоа секако може да се промени по неговото излегување од изборната трка.


Харис оди малку подобро со црните гласачи од Бајден

Анкетата на NBC News покажа дека Харис има малку поголема поддршка меѓу црните гласачи отколку Бајден. Во споредба со Трамп во таа демографска категорија, таа има предност од 64 проценти (78%:14%), додека Бајден води таму со 57 проценти во однос на републиканскиот кандидат (69%:12%).


Се наведува дека во другите демографски категории, определени според возраста и полот, како и кај латино населението, речиси и да нема разлика во поддршката меѓу Бајден и Харис.