Нивната цена е вртоглава, а изгледаат грозно: Големата модна куќа претстави нова колекција на чевли, а интернетот „гори“ од коментари: „Ова мора да е шега...“

Точка

22/07/2024

09:42

19.617

Големина на фонт

а а а

Знаеме дека модата секогаш се „врти во круг“ и дека новите трендови доаѓаат и се менуваат со старите, сè до некоја следна прилика кога истото тоа што е заборавено во тој момент, повторно ќе биде во мода.

Меѓутоа, поединечни модни куќи како да се тркаат кој ќе направи понеобично парче облека или обувки, и многумина се прашуваат дали ваквите нешта воопшто се носат.

Модната куќа „Burberry“ објави на својот официјален Инстаграм профил нова колекција на чевли, но реакциите не се воопшто позитивни. Имено, станува збор за темнозелени високи потпетици кои се продаваат и во беж боја и чинат 790 долари (околу 45 илјади денари), што е за гумени сандали (да, добро прочитавте), веројатно прескапо.


Направени се така да потсетуваат на крокодилска кожа, а од останатите детали имаат патенти кои и не се толку лоши.

Иако можеби очекувале позитивни реакции на ова модно промашување, интернетот е едногласен - тие изгледаат ужасно.


„Добро ќе ми дојдат кога ќе тргнам во лов на вонземјани“, „Ова е ужасно“, „Супер се за Ноќта на вештерките“, „Ова мора да е шега, се надевам“, гласат дел од коментарите.