[ФОТО] Без проблем го покажала целулитот кој го имаат 90 отсто од жените: Парадирала на плажата во микро бикини, а и покрај „несовршеностите“ изгледа одлично

Кармин

18/07/2024

13:34

10.497

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Ева Лонгорија ужива на одморот во Шпанија со сопругот Хозе Бастон и синот Сантијаго, а нејзините фотографии од плажа во бикини никого нема да остават рамнодушен.

Ева Лонгорија (49) изгледала одлично во портокалово бикини, кое се состоело од горен дел во форма на триаголници и долен дел на врзување.

Познатата актерка ги впивала сончевите зраци на плажа во Марбеља со сопругот, мексиканскиот бизнисмен Хозе Бастон (56) и синот Сантијаго (6).


Семејството уживало во капењето во морето и биле видени како се забавуваат качувајќи се на педалинка во облик на автомобил. Ева на лицето немала ни грам шминка, покажувајќи го својот беспрекорен тен, додека мократа коса ѝ била врзана во реп.


Токму како што неодамна го покажа опуштеното стомаче и малку целулит, актерката и сега не се плашела да ги покаже своите „несовршености“.

Ева и Хозе се преселија во Марбеља од Лос Анџелес во 2023 година, откако купија мега вила со шест спални соби и седум бањи на шпанскиот брег.


Ева и мексиканскиот бизнисмен неодамна ја намалија цената на нивниот двокатен дом во Беверли Хилс од 22,8 милиони долари на 18,9 милиони долари - и веќе почнаа да испорачуваат работи до нивната новоуредена куќа во Марбеља.

„Ева и Хозе засекогаш го напуштаат Лос Анџелес и повторно го ставија својот дом на продажба“, изјави извор за „Daily Mail“ ексклузивно во април.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk