[ВИДЕО] Направете спреј благодарение на кој повеќе нема да морате да ја пеглате облеката

Точка

18/07/2024

11:52

7.646

Големина на фонт

а а а

Пеглањето алишта одзема време и енергија, но добрата вест е дека користејќи само неколку состојки, можете да направите спреј кој ќе можете да се ослободите од користење на пегла.

Потребни ви се две чаши вода, една лажичка алкохолен оцет и една лажичка регенератор за коса. Измешајте ги овие состојки во шише и испрскајте ја изгужваната облека.

Откако ќе ја испрскате, измазнете ја облеката и закачете ја пет минути за целосно да се исправи.

Шантел Мила Иботсон го сподели видеото на Инстаграм, а многу корисници на оваа социјална мрежа во коментарите навеле како овој трик им помогнал.

„Само што заштедив часови и часови време“, „Десет капки масло од лаванда наместо регенератор за коса исто добро си ја врши работата“, „Ја мразам активноста со пеглање. Ви благодарам“, се дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk