Психолог: Среќните деца имаат родители кои практикуваат четири навики

Кармин

08/07/2024

21:45

8.098

Големина на фонт

а а а

Љубовта е клучна за здрав однос на родителите и децата. Важно е родителите да им покажат љубов на своите деца бидејќи тоа им дава чувство на безбедност и вредност. Кога децата знаат дека се сакани без оглед на се, развиваат самодоверба и емоционална стабилност, што е важно за нивниот раст и развој.

Поради тоа детскиот психолог и едукатор за воспитување, Џејми Блок, открила четири начини на кои родителите можат да им покажат љубов на децата.

Споделување на спомени

„Ова ќе создаде чувство на припадност, важност и идентитет. На пример, можете да споделувате сеќавања на моментите кога вашите деца сè уште биле бебиња, како сте ги галеле да заспијат или нивните први чекори“, истакнува психологот.

Истакнување на нивната сила

„Тоа ја покажува нашата доверба во нивните способности и ја зголемува нивната самодоверба. Исто така создава позитивно расположение во домот. На пример, можете да кажете нешто како: Ми се допаѓа твојот избор на боја на овој цртеж. Многу си креативна“, наведува Блок.

Давање на комплименти

„Препознајте нешто конкретно што вашето дете го направило добро или некоја позитивна особина која ја поседува. На пример: Навистина ме импресионираше како денес го реши тој проблем. И јас би сакал/а да се обидам на тој начин“, советува психологот.

Практикување на афирмативни зборови

Ова може да бидат директни афирмации како „те сакам“ или користење на нежни изрази или прекари. На пример: „Ти со толку посебен/посебна“.

„Сите деца треба да слушаат и да знаат дека родителите ги сакаат. Тоа е основна потреба. Зошто? Доаѓа од желбата и потребата за родителско одобрување. Сите во некој момент се угледуваме на своите родители и сакаме луѓето кои ги сакаме, да не одобрат. Чувството на родителско одобрување е темелен аспект за изградба на самопочитување, идентитет и чувство за сопствена вредност“, заклучил психологот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk