Совршен летен десерт: Чизкејк од лимон кој се подготвува за само 15 минути

Кармин

05/07/2024

21:37

7.533

Големина на фонт

а а а

Чизкејкот е совршен летен десерт, за кој не мора да вклучувате рерна за да го направите, а потребни ви се само 15 минути за негова подготовка.

Шарлот Оутс, готвач и основач на „Charlotte's Lively Kitchen“, сподели рецепт за вкусен чизкејк од лимон за кој се потребни само 15 минути за да се подготви пред да го оставите да се излади во фрижидер неколку часа.

Потребни состојки:

- 280 мл. шлаг крем
- 250 гр. крем-сирење
- 100 гр. кекс
- 100 гр. шеќер во прав
- 40 гр. путер
- кора од 2 лимони + 5 лажици сок од лимон


Подготовка:

Долниот дел од калапот за торти обложете го со хартија за печење. Во сад додадете го растопениот путер, а потоа измелете го кексот и помешајте го со путерот.

Додадете ја смесата од бисквитите во подготвениот плех и измазнете ја со задниот дел од лажицата, а потоа ставете ја во фрижидер да се излади додека го правите филот. Ситно изрендајте ги лимоните и исцедете го сокот (околу 5 лажици), а потоа оставете ги на страна.

Во сад ставете го шлагот и изматете. Додадете го крем-сирењето, шеќерот, кората од лимон и сокот од лимон и мешајте додека целосно не се соединат.

Извадете го плехот од фрижидер, а потоа додавајте малку по малку од смесата со лимон. Користете лажица или нож за да ја израмните.

Вратете го плехот во фрижидер и оставете најмалку два часа да се стегне.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk