Откако го приреди скандалот на годината, таа ја симна бурмата: Сопругот ја изневеруваше пред очите на светот, а сега капката ја прелеа чашата

Точка

26/06/2024

11:15

8.884

Големина на фонт

а а а

Актерката Џесика Бил била фотографирана во Њујорк на снимањето на серијата „The Better Sister“ и иако имала храбра насмевка на лицето веројатно не ѝ било до тоа.

Имено, убавата актерка (42) се справува со последиците од скандалот кој, последен во низа, ѝ го приреди нејзиниот сопруг Џастин Тимберлејк откако беше уапсен пред неколку дена, а тоа е само капката која ја прелеала чашата во нивниот однос.

Сепак, и покрај насмевката и навидум доброто расположение, било очигледно дека Бил не ја носи својата бурма, пишува „Daily Mail“, и тоа не е случајно, бидејќи таа инаку постојано ја носи.


Убавата актерка била фотографирана од папараците само неколку часа пред концертот во рамките на актуелната турнеја на Тимберлејк, која и самиот ја спомнал при апсењето, плашејќи се дека тоа ќе му ги уништи сите професионални планови.

За потсетување, славниот пејач бил уапсен откако бил зад воланот на своето BMW, а бил запрен во близина на автопатот, откако го игнорирал знакот за запирање и не се држел до десната лента, стои во кривичната пријава.


„Утврдено е дека обвинетиот го управувал споменатото возило во алкохолизирана состојба, очите му биле крвави и стаклени и силно мирисал на алкохол. Тој не можел да обрне внимание, зборувал бавно, бил нестабилен при одењето и имал лоши резултати на сите стандардизирани теренски тестови за трезвеност“, изјави полицаецот Мајкл Аркинсон.

Тимберлејк и претходно имаше некои постапки кои беа осудени од јавноста.

Во 2019 година, беше виден како разменува нежности со помладата Алиша Вејнрајт. Во тој момент тие престојувале во Њу Орлеанс каде заедно го снимале филмот „Palmer“ во кој глумат љубовници, а папараците ги фотографираа една вечер во градот додека разменувале нежности.


По скандалот Џесика Бил не се огласи, а потоа пејачот излезе со соопштение за медиумите. Тој напиша дека направил „непростлива грешка“.

„Нека биде јасно – ништо не се случи помеѓу мене и колешката. Испив премногу таа вечер и се каам за моето однесување. Требаше да знам. Ова не е примерот што сакам да му го дадам на мојот син. Им се извинувам на мојата неверојатна сопруга и семејството што поминаа низ таква непријатна ситуација и ќе се фокусирам на тоа да бидам најдобриот сопруг и татко“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг