Мајчинството знае да биде истоштувачко, но и прекрасно искуство. Секоја насмевка или прегратка од дете ги прави сите предизвици полесни.
Сепак, не секој е создаден или подготвен за овие предизвици. Терапевтката и мајка на пет деца, Кетрин Агранович, открила четири квалитети кои ја прават жената неверојатна мајка.
Свесна е за своите слабости: "Добрата мајка е свесна за своите слабости, но пред сè ги сака своите деца. Таа постојано бара начини со кои може да го подобри животот на своите деца", вели терапевтот за „YourTango“.
Пример е во растот и развојот: Жената која постојано вложува во својот личен развој ќе биде добра мајка, тврди Агранович. „Подобрувањето на себе предизвикува динамиката на нејзиното домаќинство да се развива во мирен, хармоничен тек. Тој мир и хармонија влеваат чувство на сигурност кај нејзините деца“, објаснува таа.
Ги задоволува своите потреби и е себично несебична: „Добрата мајка излегува на ручек со пријателите, се занимава со своите интелектуални и креативни активности и ужива во своите хобија. Таа всушност се грижи за своите потреби и себе се смета за рамноправен член на луѓето од нејзиниот круг“, вели терапевтот.
Таа е искрена и ги признава своите грешки: Агранович истакнува дека добрата мајка секогаш презема одговорност за своите постапки и грешки. "Доколку погреши во однос на своите деца, се извинува. Доволно е храбра да води автентични разговори со своите деца", заклучува терапевтот.