[ВИДЕО] Испробајте го овој рецепт за најмеките палачинки кои можете да ги јадете без грижа на совест

Кармин

13/06/2024

20:17

4.583

Големина на фонт

а а а

Оваа здрава верзија на палачинки се подготвува за само неколку минути, а содржат само 310 калории.

Рецептот го пронајдовме на Инстаграм, а во објавата се наведува дека ова е здрава алтернатива на, за многумина, омилениот десерт.

„Ако вашата цел е губење маснотии, направете мали промени кои ќе ги задржите на долг рок. На тој начин нема да морате да го правите тоа одново и одново“, се наведува во снимката.

Потребни состојки:

- 1 јајце + 3 белки
- 30 гр. овесни снегулки
- 55 мл. бадемово млеко
- една лажичка прашок за пециво
- засладувач по избор


Подготовка:

Измешајте ги сите состојки заедно во блендер. Загрејте нелеплива тава и печете од двете страни по неколку минути додека не се создадат меурчиња. Ако сакате, можете да додадете и малку протеин во прав во смесата.

Користете фил или прелив кој го сакате или кој одговара на вашата исхрана.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk