Како се однесува психопат во љубовна врска: Психијатар објаснува поради кои особини треба да се загрижите

Точка

20/05/2024

16:52

26.114

Големина на фонт

а а а

Терминот „психопат“ често го среќаваме и употребуваме, но многумина не го знаат неговото вистинско значење.

Во психијатријата, психопатијата спаѓа во категоријата на состојби наречена „антисоцијално растројство на личноста“ (APL). Психијатарот Ерик Патерсон објаснува како да препознаете психопат во сите области од животот, вклучително и во љубовната врска.

Лаги и манипулација

Луѓето со асоцијално растројство на личноста често лажат. Може дури и да лажат за своето име кога при запознавање и да користат псевдоними или други идентитети. Лагите се обид на некој начин да ги искористат другите, да „добијат“ непто за себе преку манипулација, небитно дали станува збор за финансиска или емоционална корист.


Често употребуваат шарм и ласкање за да го добијат она што го сакаат. Манипулацијата може да вклучува и емоционална злоупотреба или уцена.

Непочитување на другите личности

Занемарувањето на другите е еден од најистакнатите знаци и вклучува кршење на правата на другите луѓе и законите поставени од општеството.

Според Дијагностичкиот и статистичкиот прирачник за ментални нарушувања, поединците покажуваат шема на непочитување на правата на другите што започнува околу 15-тата година од животот. Но, појавата на симптомите за ова растројство на личноста често се јавува порано. Личноста не ги почитува општествените норми и прави работи кои другите ги сметаат за незаконски.


Агресивност

Важно е да се напомни дека не сите психопати се физички агресивни. Но, тие имаат една заедничка особина: се однесуваат агресивно или многу раздразливо. Иако најчесто се манифестира физички, агресивноста може да биде и емоционална, вербална, на пример, вербално злоставување.

Што си облекла?

Психопатот сака да ве контролира, но и да контролира сè за вас, вклучително и она што го носите и правите. Ги следи вашите реакции за да ги идентификува вашите несигурности. Така, тој сака да го промени вашиот стил на облекување и шминкањето на начин кој нему му се допаѓа, но сè што навистина сака е да пронајде нов начин за да ве понижи и да ве направи помалку привлечни за другите. Истото важи и во обратна ситуација, кога жената го контролира начинот на облекување и однесување на мажот.


Недостаток на каење

Без оглед на тоа дали личноста со антисоцијално растројство на личноста манипулира, лаже или прави нешто незаконско, нивната главна карактеристика е недостатокот на каење за своите постапки. Со други зборови, овие луѓе не чувствуваат вина за она што го направиле.




Спонзорирани линкови

Маркетинг