Дали интимните односи се подобри наутро или навечер? Еден термин има приоритет, а тоа е поврзано со хормоните – вака организмот ни кажува кога е подготвен за задоволство

Точка

20/05/2024

11:28

37.463

Големина на фонт

а а а

Меѓу прашањата кои ги придружуваат интимните односи се наоѓа и она кое е поврзано со дилемата дали е подобро тие односи да ги имаме наутро или навечер? Блага предност се дава на еден термин, поради влијанието на хормоните и енергијата.

На почетокот на денот обично се има повисоко ниво на тестостерон и естроген, два хормони кои влијаат на желбата за интимност. Ова значи дека можеби сте порасположени и потенцијално поспособни наутро за секс каков посакувате.


Нивото на тестостерон кај мажите се надополнува преку ноќ и има тенденција да биде на највисоко ниво наутро и најниско навечер. Тестостеронот игра клучна улога во сексуалната функција на мажите. Зголемено ниво на тестостерон наутро може да обезбеди зголемено либидо, поголема возбуда и подобра ерекција.

Естрогенот е поврзан со женскиот сексуален нагон, а овие хормони исто така се на највисоко ниво наутро. На почетокот на денот кај жените најчесто има најголема потреба од интимни односи. Подобриот проток на крв може да значи и поголема чувствителност и поголемо задоволство.


Уште една причина зошто утринскиот секс може да биде подобар од вечерниот е енергијата. Наутро имате најмногу енергија, што значи дека би можеле да бидете поподготвени и поспособни за активностите во кревет.


Сепак, некои луѓе претпочитаат вечерна и ноќна интимност. Многумина утрото го поврзуваат со брзање, па се преоптоварени со размислување за сите работи кои треба да ги направат тој ден. Тој стрес може да го отежне возбудувањето.