Првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, е пренесен од Турција во Македонија со авион.
Потсетуваме, Палевски беше уапсен во Баликесир во Турција.
Следна дестинација на Љупчо Палевски Палчо е истражниот затвор Шутка на издржување на мерката притвор.
Љупчо Палевски Палчо беше уапсен на 6 декември лани откако прво избега во соседна Србија па потоа преку Бугарија стигна во Турција каде и беше уапсен.