[ВИДЕО] Атентаторот на словачкиот премиер: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Макфакс

15/05/2024

20:17

2.548

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа наводниот атентатор и на кое тој зборува за причините поради кои се обидел да го убие словачкиот премиер Роберт Фицо.

„Не се согласувам со политиката на владата“, наводно вели атентаторот на видеото.

Фицо беше застрелан по состанокот на владата во Хандлова, околу 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ.

Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница и според словачките медиуми состојбата е многу сериозна. Словачката влада објави дека животот на Фицо е во опасност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг