Тибо Куртоа имаше фантастичен настап на вчерашниот дуел меѓу Реал Мадрид и Алавес, со што уште еднаш јасно се наметна за прв избор за финалето на Лигата на шампионите.
Белгиецот се врати во тимот по повредата на лигаментите и менискусот и е блиску до враќање на позицијата која ја имаше пред сериозните проблеми, дури и покрај одличната сезона на Андриј Лунин.
Анчелоти најави дека до крајот на сезоната двајцата голмани ќе добијат по еден натпревар, но засега не открива кој ќе брани на „Вембли“. Куртоа по вчерашниот натпревар испратил јасна порака до својот тренер.
– Знам дека постојат луѓе кои се сомневаа во мојата состојба по толку долга пауза, но јас знаев дека ќе се вратам посилен.
– Знам дека сум истиот, па дури и подобар Куртоа, бидејќи работев напорно. Ми требаше ваков натпревар со многу удари, ми требаа такви одбрани со удари од мала оддалеченост каде се потребни и рефлекси. Екипата доби неколку дена одмор, но јас ќе продолжам да тренирам со мојот тренер, – рекол белгискиот ас.