Опасност? Кинески научници создале нов смртоносен вирус

Точка

15/05/2024

21:38

8.461

Големина на фонт

а а а

Новиот вирус кој го создале уништил група хрчаци.

Истражувачите од „Медицинскиот универзитет во Хебеј“ спровеле истражување на хрчаци, кои, откако добиле заразна болест и протеин ебола кој предизвикува ширење на вирусот, откриле дека развиле тешки системски заболувања слични на оние забележани кај заболените од ебола, пишува „Мирор“.


Во студијата на кинеските научници, објавена во „Science Direct“, за хрчаците, откриен е особено непријатен симптом, кој се манифестира во форма на красти на површината на очните јаболка, кои влијаат на нивниот вид.

Светската здравствена организација наведува дека еболата е ретка, но исклучително тешка болест која често е фатална кај луѓето. Се јавува кога вирусот влегува во телото преку исеченици на кожата или со допирање на очите, устата или носот.


Симптомите на ебола вклучуваат треска, замор и главоболка.

Истражувачите изјавиле дека целта е да се репродуцираат симптомите на ебола во лабораторија за подобро да се разбере состојбата и да се спречи нејзиното ширење.




Спонзорирани линкови

Маркетинг