Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси возило: Кривична против маж од Делчево

Макфакс

10/05/2024

16:01

1.013

Големина на фонт

а а а

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.А.(36) од Делчево.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „насилство“.

На 08.05.2024, пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси возило, во обложувалница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг