Официјалното видео со кое ПСЖ ги најави дресовите за сезоната 2024/25 е уште индиректна потврда дека Килијан Мбапе ќе го напушти клубот, а тоа е и главната дилема на фановите во коментарите на социјалните мрежи.
Новите дресови се претставени со промотивно видео во кое се појавуваат неколку ѕвезди на машкиот и женскиот тим на ПСЖ, а меѓу нив не е првата ѕвезда, која се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.
Маркињос, Мендеш и Витиња се дел од играчите кои се вклучени во видеото, додека фановите во коментари прашуваат само за отсуството на Мбапе.
ПСЖ и следната сезона ќе ја отвори како актуелен француски шампион, со надеж дека ќе стигне и подалеку од годинешново полуфинале во Лигата на шампионите.
✨👀
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) May 10, 2024
❤️💙 #ICICESTPARIS | #AI pic.twitter.com/f0t5aCAjzx