Неочекуваниот херој на Реал: Анчелоти беше во право

Дерби

09/05/2024

14:15

2.201

Големина на фонт

а а а

Хоселу се претвори во голем херој на Реал Мадрид во походот кон ново финале во Лигата на шампионите, бидејќи вчера напаѓачот постигна два гола во мрежата на Баерн Минхен.

„Џокерот“ на Карло Анчелоти беше непогрешлив од непосредна близина и двапати го совлада Мануел Нојер, па сосема очекувано го понесе епитетот јунак на мечот, иако одигра само неколку минути во ова полуфинале.

– Не знам дали сум херој, но многу сум среќен. Ова е неверојатно, нешто навистина спектакуларно. Овој тим никогаш не се предава, во крвта на овој тим е да се бори до последната секунда.

– Кога постигнувате гол за 1:1, во Реал ја земате топката и одите назад. По голот за 1:1, сите мислевме на победа, публиката не понесе и успеавме да постигнеме и втор гол. Тоа е менталитетот на Реал Мадрид. Почувствувавме дека се изморени и успеавме да го направиме она за кое сонувавме.

– Си немам поставено цел, дојдов во Реал за да помогнам на тимот. Тренерот знае што може да добие од мене, среќен сум што веќе ја освоив титулата во Ла Лига и што ќе играм во финале на Лига на шампиони. Вакви натпревари се добиваат со чувство и со срце. Анчелоти беше во право, во најавата ни порача дека вакви натпревари се победуваат со срце и така и испадна, – изјави Хоселу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг