Видео од трибината: Реакцијата на Зидан по голот за пресврт на Реал

Дерби

09/05/2024

12:48

1.924

Големина на фонт

а а а

Зинедин Зидан пред неколку дена беше во Мајами и најави дека очекува вистински фудбалски спектакл на реваншот меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен, а интересно Французинот стигнал навреме за да стигне во шпанската престолнина и да биде дел од натпреварот.

Легендарниот Францизин беше забележан на „Сантијаго Бернабеу“ и добил место во една од новите ВИП соби на стадионот, по што фановите имале можност да ја уловат неговата реакција по победничкиот гол на Хоселу.

Напаѓачот се покажа како вистински „џокер“ за Карло Анчелоти и постигна два гола во мрежата на Баерн, погодоци со кои Реал одново се погрижи за нова магична ноќ во шпанската престолнина.

Митот наречен „Бернабеу“ одново се повтори и Баерн е еден од низата големи тимови кои прими голови во завршницата, а рамнодушен на ова не останал ниту Зизу.

Французинот го изрежирал истиот гест кој го имаше крај аут линијата пред неколку години, кога Роналдо постигна страшен гол со „ножички“ против Јувентус во Торино.



Спонзорирани линкови

Маркетинг