Белингам си замисли идеално сценарио за финалето: Се надевам дека ќе играм како мојот идол на „Вембли“

Дерби

09/05/2024

12:18

1.371

Големина на фонт

а а а

Џуд Белингам од прво лице дозна каква може да биде атмсоферата на „Сантијаго Бернабеу“ кога Реал Мадрид брка резутлат во една завршница од голем меч во Лигата на шампионите, па така Англичанецот за првпат искуси еден историски европско пресврт во најелитното натпреварување.

Идентично како пред две години, Реал направи пресврт во последните минути и го нокаутираше Баерн Минхен, па иако главен херој беше Хоселу кој постигна два гола, сите играчи на домашниот тим се радуваа на новиот тимски успех и пласманот во финалето.

Реал ќе ја брка 15-та титула на „Вембли“ во сценарио кое ќе биде посебно емотивно за Белингам, бидејќи Англичанецот ќе игра против своите поранешни соиграчи од Дортмунд.

– Многу сум среќен за оваа победа, цело мое семејство беше тука и затоа задоволството е уште поголемо. За мене ќе биде многу емотивно да играм едно финале како играч на Реал.

– Зидан е мојот идол и мојот извор за инспирација. Се надевам дека ќе играм како него во финалето, никогаш не можев да замислам дека ќе играм во финалето против својот поранешен тим од Германија. Ќе ми биде чудно да играм против Дортмунд на „Вембли“. Се уште не можам да поверувам, но едвај чекам да дојде тој меч. Секој од двата тима заслужува да победи, и ние и Борусија заслужено сме во финалето и очекувам возбудлив меч, – изјави Белингам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг